Москва меѓу десетте градови со најскапи деловни простори

Москва го зазеде десеттото место во рејтингот на светскиот пазар со највисоки цени на изнајмување на продажен простор.

Москва го зазеде десеттото место во рејтингот на светскиот пазар со највисоки цени на изнајмување на продажен простор, покажува извештајот на компанијата CBRE Group за првиот квартал во 2013 година.

Во истражувањето стои дека изнајмувањето на 1 м2 продажен простор во Москва во првиот квартал во просек чинел околу 6.200 евра годишно. Исто така, укажано е дека во московските трговски центри постои голема побарувачка од страна на сите меѓународни марки.

Лидер во овој рејтинг е Хонгконг, а после него следуваат Њујорк, Лондон, Париз и Сиднеј. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња