Министерството за економија се надева на инвестиции

Вчера владата на Русија ги утврди сценаријата за развој на економијата од 2014 до 2016 година.

Вчера владата на Русија ги утврди сценаријата за развој на економијата од 2014 до 2016 година. Како основа за буџетот за следните три години е земен умерено оптимистичката варијанта: забрзување на растот на БДП до 3,7%,. Малку веројатно е дека ќе се случи рецесија во Русија, изјави заменикот министер за економски развој, Андреј Клепач. За да растот биде на 0% или негативен, треба да се случи „некој шок во светската економија“.

Сепак, стагнацијата или бавниот раст не е помало зло, предупреди Клепач. Темпото на раст од 1,7% или 2% означува дека руската економија не е конкурентна.

Засега растот на економијата забавува. Растот на БДП забавува веќе пет квартали едноподруго, напомна министерот за економија, Андреј Белоусов. Светските пазари стагнираат, извозот практично не расте.

Државата престана да ги зголемува вложувањата во економијата, констатираше Белоусов: минатата година државните инвестиции се намалија за 8%, а такво намалување се очекува и во 2013 година. Во регионалните буџети има „напрегната ситуација“, инвестициските пари се пренаменуваат за тековни трошоци.

Чиновниците веќе разговараат околу указот на Владимир Путин како да го стимулираат економскиот раст. Министерството за финансии веќе претстави своите предлози на владата. Се предлагаат поголеми инвестиции во инфраструктурата, а средствата можат да се најдат и во Пензискиот фонд.

Од друга страна, пак, Министерството за економија смета на заживување на економијата преку инвестициите. Околу 40% од растот на БДП во 2014-2016 година се предлага да се обезбеди преку инвестициите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња