Меѓународните валутни резерви на Русија се намалија за 2,5% за една недела

Меѓународните валутни резерви на Русија од 3 до 10 мај се намалија за 13,1 милијарда долари, односно за 2,5%.

Меѓународните валутни резерви на Русија од 3 до 10 мај се намалија за 13,1 милијарда долари, односно за 2,5%. Во моментов тие изнесуваат 520,4 милијарди долари, пренесува РИА Новости.

Недела претходно истите пораснале за 1,8% (9,2 милијарди долари).

В 2012 година, и покрај големите намалувања на валутните интервенции на Централната банка на внатрешниот пазар, растот на меѓународните резерви изнесува 39 милијарди долари.

Во почетокот на август 2008 меѓународните валутни резерви на Русија го достигнаа максимумот од 598 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња