Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека руската наука и образование имаат потреба од реформи. Ова го пренесува Интерфакс.
„Што се однесува до науката и образованието, да, навистина, таму имаме многу проблеми. Подоцна уште ќе разговараме за овие прашања. Сепак, сметам дека ќе се согласите дека структурни реформи се потребни“, изјави Путин.
Во исто време претседателот подвлече дека реформите треба да се извршат транспарентно и со подготовка.
„Јас имав состанок со ректорската заедница и самите тие ми кажаа дека се потребни структурни реформи. Бројот на студенти на еден професор - според нивните зборови, е лажен стандард. Треба пореално да се оценуваат можностите, потребите и ефективноста пред воопшто да земеме да зборуваме за нешто“, изјави претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче