Приватизација на „Роснано“ во блиска иднина нема да се изврши, изјави претседателот Владимир Путин за време на средбата со лидерите на фракциите во Думата. Ова го пренесува РИА Новости.
Претходно весникот „Известија“ соопшти дека претседателот на „Роснано“, Анатолиј Чубајс испратил во владата проект-стратегија за развој на државата корпорација, во кој тој предложил до 2020 година оваа корпорација да се приватизира.
„Роснано“ е создадена во 2011 година по пат на реорганизација на руската државна корпорација за нанотехнологија. Државата поседува 100% од нејзините акции.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче