Пушков: Русија треба во целост да го врати своето влијание во светот

Русија треба во целост да го врати своето влијание во светот и повторно да стане светска сила, истакна претседателот на Комитетот за меѓународни работи во Думата, Алексеј Пушков.

Русија треба во целост да го врати своето влијание во светот и повторно да стане светска сила, истакна претседателот на Комитетот за меѓународни работи во Думата, Алексеј Пушков за време на парламентарната расправа во долниот дом на рускиот парламент. Неговото излагање беше насочено на развојот на односите меѓу Русија и земјите во Латинска Америка и Карипскиот басен.

„Стратегијата на повлечување на руското присуство во многу светски региони се покажа како погрешна. Треба да се мисли за враќање онаму каде што веќе сме биле“, истакна Пушков. Според неговите зборови, Русија не може во 21 век да остане само „регионална сила“.

Претседателот на комитетот смета дека треба да се подготвиме за новиот светски поредок - оддалечување од еднополарниот систем и преминување на многуполарност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња