Продажбите на кинески автомобили во Русија зголемени за 30%

Статистиката покажува дека од јануари до март годинава бројот на продадени автомобили од Кина во Русија пораснал за 30,6% во споредба со истиот период лани, пренесува агенцијата Auto Business Info.

Статистиката покажува дека од јануари до март годинава бројот на продадени автомобили од Кина во Русија пораснал за 30,6% во споредба со истиот период лани, пренесува агенцијата Auto Business Info.

Во првиот квартал од оваа година руските купувачи купиле 18.043 кинески автомобили. Севкупниот удел на овие автомобили во структурата на пазарот во Русија изнесува 3,13% (2,4% пред една година).

Во Русија води марката Great Wall. Растот на нејзините продажби од јануари до март годинава изнесува 88% до продадени 4.615 автомобили.

Марката LIFAN е на второто место со продадени 4.321 автомобил. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња