Поранешниот министер за финансии, Алексеј Кудрин може да стане следниот премиер на Руската Федерација, изјави информиран извор за „Независимаја газета“.
Весникот пишува дека Владимир Путин може да се реши за промена на шефот на владата „до крајот на годината“.
„Претседателот на еден начин веќе даде „да“ за ова. Во власта продолжува борбата околу ова прашање, а и Кудрин има многу опоненти: пред сè во банкарската сфера. И не само тоа, ако промената се случи, тоа нема да биде веднаш: претседателот веќе постави пред Медведев неколку задачи кои бараат решение до 2014 година“, пишува весникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче