Думата донесе закон за тестирање на учениците за дрога

Пратениците во Думата го изгласаа законот за тестирање на учениците за употреба на дрога, пренесува РИА Новости.

Пратениците во Думата го изгласаа законот за тестирање на учениците за употреба на дрога, пренесува РИА Новости.

Според овој закон, учениците во училиштата и факултетите ќе бидат тестирани не само преку медицински прегледи, туку предвидено е и социјално-психолошко тестирање кое ќе го извршуваат психолозите во училиштата.

Освен тоа, во училиштата ќе биде организирано и доброволно тестирање. Учениците постари од 15 години ќе можат со свое писмено барање да се тестираат, додека до таа возраст родителите ќе можат да го донесат тоа решение.

Законот предвидува максимална дискреција на податоците добиени од тестирањето за дрога. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња