Бенџамин Нетанјаху долета на кратка посета во пет наутро, кога заврши донесувањето на буџетот за време на состанокот на владата. Тој го пофали главниот град на идната Олимпијада и го покани Владимир Путин во израелското одморалиште Ејлат.
Уште пред посетата, во Кремљ соопштија дека главна тема на преговорите ќе биде Сирија. Израел е загрижен поради руските испораки на оружје во Дамаск.
„Општо земено, кај нас има позитивна тенденција во билатералните односи. На експертско ниво работата оди прекрасно“, изјави Путин. За последниве години размената на стоки меѓу двете земји порасна - 2,9 милијарди долари во 2012 година.
Путин се заблагодари за споменикот по повод загинатите советски војници во Втората светска војна. „Спасибо, господин президент“, без акцент се заблагодари Нетанјаху, додавајќи дека го учи рускиот јазик.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче