USA Today: задржувањето на шпионот во Москва дотура масло во антиамериканизмот

Задржувањето на шпионот од ЦИА во Москва од страна на руските специјални служби може да дотури уште масло во и така разгорениот антиамериканизам, пишува USA Today.

Задржувањето на шпионот од ЦИА во Москва од страна на руските специјални служби може да дотури уште масло во и така разгорениот антиамериканизам, пишува USA Today. Изданието забележува дека во последно време меѓу Москва и Вашингтон има доста не согласувања, посебно околу позициите на Русија кон правните организации, како и околу поддршката на претседателот на Сирија, Башар Асад.

Авторите на статијата, како и многу други западни новинари, посветуваат внимание на необичната популарност и резонанса на веста за фаќањето на „агентот“ РајанФогл. Весникот наведува дека фаќањето на американскиот дипломат е еден вид предупредување: или во адреса на ЦИА за премногу агресивните обиди за врбување, или во адреса на потенцијалните лица кои се занимаваат со тоа.

Новиот шпионски скандал се случи во непријатно време за руско-американските односи, пишува The Guardian. Освен тоа, Москва и Вашингтон се обидуваа да ја зајакнат соработката меѓу специјалните служби после бостонскиот терористички напад и се обидуваат да дојдат до заедничка позиција околу сириското прашање.

Forbes, од своја страна смета дека задржувањето на Фогл е само уште еден удар во „рестартирањето“ на односите меѓу САД и Русија.

The Times пишува дека третиот претседателски мандат на Владимир Путин е одбележан со засилени обиди да се создаде концепција за непријателите кои се наоѓаат во руските граници. Според мислењето на весникот, станува збор за исламистички сепаратисти и „лоши“ американски родители, а исто така и за некомерцијални, невладини организации кои се етикетираат како „странски агенти“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.