The Washington Times: шпионирањето не помага во затоплувањето на односите меѓу Русија и САД

Задржувањето на агентот на ЦИА во Москва нема да помогне во подобрувањето на односите меѓу Русија и САД и решавањето на сириското прашање, пишува The Washington Times.

Задржувањето на агентот на ЦИА во Москва нема да помогне во подобрувањето на односите меѓу Русија и САД и решавањето на сириското прашање, пишува The Washington Times. Како што забележува американскиот весник, шпионирањето често се појавува во вестите после јавните прикази на симпатија меѓу Москва и Вашингтон. Во кој правец оди одвлекувањето на вниманието овој пат, засега е нејасно, се кажува во статијата.

The Wall Street Journal пишува дека историјата со т.н. агент на ЦИА нема да помогне околу обидите на САД да ги подобри влошените односи со Русија, пред сè околу сирискиот проблем.

Во забелешката на весникот се додава дека задржувањето на американскиот дипломат повеќе изгледало на маскенбал, отколку на шпионски трилер. Каква цел има овој инцидент, засега е нејасно, но, според зборовите на експертите, тоа е обид ад се саботира подобрувањето на руско-американските односи, или да им се демонстрира на Русите „фактот“ дека шпионажата останува главен проблем, се кажува во статијата.

The Washington Post, пак, пишува дека апсењето на американскиот дипломат е обид да им се „удри шамар“ на САД и американските специјални служби. Притоа, според зборовите на авторот на статијата – апсењето е направено во советски стил. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.