Стејт департментот не ја коментира информацијата за откривањето на уште еден агент на ЦИА во Русија

Стана познато името на уште еден американски шпион во Русија.

Стејт департментот на САД не ја коментира информацијата за откривањето на уште агент на ЦИА во Русија. Станува збор за Бенџамин Дилон, кој бил откриен во јануари 2013 година, изјави за новинарите претставник на Стејт департментот, Патрик Вентрел.

Претходно за ова раскажа соработник во ФСБ на телевизискиот канал „Русија 1“.

Вентрел не соопшти дали САД ќе преземат некакви мерки против Русија за фаќањето на Фогл, што стана главна вест во последниве два дена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња