Централните телеканали ќе посветат внимание на 20-годишнината од случките во октомври 1993 година. за јубилејот на уставната криза ќе се снимаат случувањата од различни гледни точки. Како што пишува „Комерсант“, овие документарни филмови ќе се појават наесен.
Првиот канал, ВГТРК и НТВ уште во март почнаа да разгледуваат различни барања од режисерите за создавање на документарен филм за случувањата во 1993 година. Кон крајот на мај повеќето телеканали веќе се одлучија за темата и различните места и гледни точки кои ќе ги обработат.
Само за потсетување - во октомври 1993 година во Москва се случи „уставната криза“, позната на нашите граѓани преку стрелањето со тенк на зградата на Врховниот Совет на Руската Федерација (познати и како „Указ 4000“, „Октомвриски пуч“, „Елцинскиот преврат од 1993 година“).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче