Московскиот Бољшој театар ги претстави во јавноста новите оргули кои специјално се изработени од германската фирма "Glatter-Goetz". Електричните оргули кои театарот ги дови во 70-те години се заменети со вистински оргули кои се неопходни за некои од оперите, како и за изведување за многу симфониски дела.
Новите оргули имаат 1819 метални и 100 дрвени цевки, како и 31 регистар. Тешки се околу 8 тони. Оргулите се поставени зад левата кулиса, со што истите не се гледаат на сцената. При монтирањето на инструментот (кое траеше две години) се водеше сметка за специфичната акустика на големата сцена во Бољшој театарот.
„Оргулите се круна на оркестарот и се важен драматуршки детаљ кој на оперите им вдахнува живот“, изјави музичкиот управник и главен диригент на Бољшој, Василиј Синајски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче