Во Татарстан повици за помош на бунтовниците во Сирија

Исламистите и национал-сепаратистите од Татарстан распространуваат на социјалните мрежи повици за „помош на браќата кои војуваат за слобода во Сирија“.

Исламистите и национал-сепаратистите од Татарстан распространуваат на социјалните мрежи повици за „помош на браќата кои војуваат за слобода во Сирија“.

„Стана познато дека на 6 и 7 мај во провинцијата Алепо, татарски одред имал големи загуби. Загинале 60% од составот на тој одред, а недалеку од Дамаск, во селото Хараста при обид да се ослободи селото целосно била убиена уште една татарска група“, пишува анонимен корисник на социјалните мрежи, кој се повикува на истомисленици во Татарстан.

Експертите кои ја набљудуваат ситуацијата потврдуваат дека во Татарстан се врши врбување на сите оние кои сакаат да се приспојат кон бунтовниците.

Според оценките на експертите во Казањ, бројот на исламисти од овој регион кои војуваат во Сирија изнесува од 150 до 250 луѓе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.