Руски бродови од Црноморската, Балтичката и Северната флота оваа есен ќе заминат во Атлантскиот океан, каде ќе се извршат учебно-воени задачи до октомври, изјави вчера заменикот на командантот на Воено-морската флота, Александар Фјодотенков.
За време на мисијата, групата бродови ќе посетат и неколку пристаништа во држави на Латинска Америка, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Походот е планиран за крајот на летото - почетокот на есента, а ќе заврши во октомври“, изјави Дјофотенков, додавајќи дека „вакви походи ние одамна сме немале“.
Покасно ќе биде објавено кои пристаништа во кои земји ќе бидат посетени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче