До 2020 година за Воено-воздушните сили на Русија ќе бидат изградени или реконструирани од 60 до 70 аеродроми, изјави главниот командант на Воено-воздушните сили на Руската Федерација, Виктор Бондарев.
„Во моментов во Русија се градат или реконструираат 11 аеродроми, и тој процес ќе продолжи. До 2020 година треба да достигнеме до изградени/реконструирани 60-70 аеродроми“, изјави Бондарев. На новите аеродроми се градат едни од најдолгите писти во Русија (должина и до 4 километри), на кои ќе можат да слетуваат и полетуваат сите сегашни и идни авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче