Откриениот агент од ЦИА во Москва бил љубител на покер и пијанки

Откривањето на агентот Рајан Фолг во Москва не бил прв пропуст во неговата кариера. Во 2011 година неговите лични податоци било отворени за јавноста после нападот на хакерската група Anonymous на сајтот на Stratfor.

Задржувањето на агентот на ЦИА во Москва може да фрли светло на тоа што претставува просечниот соработник во таа организација: како што забележува The Wall Street Jurnal, дипломатот работел прикриено во амбасадата како шпион.

Рајан Фогл има 29 години, роден е во 1983 година во семејството на Џејмс и Петлин Фолг, кои денес живеат во Сент-Луис. Мајката на Фогл за новинарите изјавила дека „нема што да каже за случајот“.

Во 2002 година Фогл го завршил образованието во Mary Institute and Country Day School во Ладуе, богато предградие на Сент-Луис. Една од неговите поранешни сокласнички, Меридит Ејлуард изјави за локалниот весник дека Фогл бил дружељубив, доста учел и се занимавал со техничките науки. Таа воопшто не комуницирала со него после завршувањето на образованието и се изненадила кога доздала дека тој работи во дипломатската служба.

После училиштето Фогл се запишал во Когејтскиот универзитет во градот Хамилтон во државата Њујорк, а истиот го звршил во 2006 година. Што се случило со него во универзитетот, чија примарна дејност се општествените дисциплини, не е јасно, но на Интернет останаа многу докази за тоа дека тој имал активно учество во студентскиот живот. Тој исто така бил член на студентското братство Фи-Делта-Тета, како и на друштвото на најдобрите студенти.

После завршувањето на факултетот Фогл се преселил во Вашингтон, каде продолжил да комуницира со неговите колеги од факултет. Како што пишува The Colgate Maroon-News, во 2008 година тој се сретнал со нив, играле фудбал, а во 2010 година напишал дека ќе замине да живее во Вирџинија, при што ја оставил и неговата електронска адреса (rfogl@gmail.com).

Фогл заминал во Москва во 2011 година. Таа година се случил и првиот „излив“ на информации за него, кога Anonymous го нападнале сајтот на Stratfor. Тогаш неговата електронска адреса била објавена заедно со шифрата, адресата и бројот на кредитните картички.

Фогл често патувал. На неговата страничка на Фејсбук се објавени фотографии од египетските пирамиди, храмот Василиј Блажени во Москва и други места.

Рајан Кристофер Фогл беше задржан од ФСБ ноќта спроти 14 мај на југо-западот на Москва при обид да врбува руски соработник на специјалните служби кој се бори со тероризам на Кавказот. За соработка со ФБИ Фогл му ветувал на рускиот офицер милион долари. После испрашувањето, Фогл е прогласен за „персона нон грата“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.