Американскиот амбасадор итно е повикан во МНР на Русија

Уапсен е американски шпион во Русија.

Амбасадорот на САД во Русија, Мајкл Мекфол е повикан во руското МНР поради апсењето на соработникот на американската дипломатска мисија, Рајан Кристофер Фогл.

Мекфол одбил да го коментира апсењето на Фогл, за кого руските разузнавачки служби кажуваат дека е агент на ЦИА.

Третиот секретар на амбасадата на САД во Русија, Рајан Фолг е уапсен завчера во моментот кога се обидел да врбува соработник на руската разузнавачка служба, нудејќи му милион американски долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња