Руските возачи не сакаат платни патишта

Повеќе од половина од Русите се против изградба на платни патишта. Ова го пренесува „Комерсант“, повикувајќи се на социолошкото истражување од компанијата „Автодор“.

Повеќе од половина од Русите се против изградба на платни патишта. Ова го пренесува „Комерсант“, повикувајќи се на социолошкото истражување од компанијата „Автодор“.

Според информацијата на компанијата, анкетата е извршена во 2012 година. Во истражувањето учествувале неколку стотина возачи од неколку руски области. Против изградбата на платни патишта се изјасниле 52% од анкетираните, а поголемиот дел од нив (45%) се уверени дека квалитетот на патиштата нема да се подобри. 55% од анкетираните забележале дека со воведување на платни патишта ќе треба да се плаќа двапати: за патарина и за транспортен данок. Околу 30% од анкетираните сметаат дека на самите излези кон платните патишта ќе има гужви.

Во Русија веќе се гради платната траса Москва-Санкт Петербург. За изградбата на оваа траса знаат само 37% од испитаниците. 56% позитивно го оценуваат проектот, а 27% - негативно.

На платните траси се планира зголемување на максимално дозволената брзина од 110 километри на час до 130 километри на час. Цената на патарината на овие траси ќе се движи од неколку дени, до неколку денари за километар, во зависност од времето кога се патува, како и од оптовареноста на трасата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.