Русија ќе донесе закон за забрана на американскиот долар?

Предлог-закон од еден од пратениците во руската Дума.

Михаил Дегјаров, пратеник во Думата на Руската Федерација, предложи на територијата на Русија да се забрани поседувањето и тргувањето со американски долари. Тој дури подготви соодветен предлог-закон и ја објасни својата идеја со неопходноста земјата да се грижи за заштедите на своите државјани.

„Ако тоа сега не го направиме, во следниве пет години државата ќе мора да им помага на руските граѓани кои поседуваат долари, исто како што им помагаше на жртвите на финансиските пирамиди“, изјави пратеникот.

Во предложениот закон не е нагласено дека законот нема да се однесува и на останатите странски валути. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња