„Русија и Македонија“ - нова рубрика на „Руска реч на македонски“

Нова рубрика на „Руска реч на македонски“.

„Руска реч на македонски“ преку новата рубрика „Русија и Македонија“ ќе се обиде на македонските читатели да им ги претстави погледите на најдобрите руски политички аналитичари поврзани со сите аспекти на меѓународната политика на Русија кои непосредно се однесуваат на Македонија, како и за сите занимливи и важни прашања кои се директно поврзани со руско-македонските односи.

Македонија и Русија се поврзани на многу начини - најмногу преку религијата и сродните јазици. Во текот на последнава деценија се зацврстија политичките, деловните и културните контакти меѓу нашите земји. Граѓаните на Русија доаѓаат почесто во Република Македонија, а македонските граѓани, пак, во сè поголем број доаѓаат да живеат и да работат во Русија. Почнавме да комуницираме едни со други на човечко ниво.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.