Red Wings - уште еден нискобуџетен авиопревозник во Русија

Во Русија повторно ќе започне со работа нискобуџетниот авиопревозник Red Wings. Повторното активирање на летовите на оваа компанија се прави со цел да се запре континуираниот раст на цените на авиобилетите во Русија.

Се очекува на 1 јуни Red Wings  повторно да започне со редовните летови. На 29 декември 2012 авион на компанијата доживеа несреќа, после што беше одземен нејзиниот сертификат. Официјалните претставници во Росавијација не ја потврдуваат датата на повторен почеток со летови на оваа компанија.

Red Wings за време на својата работа леташе до популарните туристички правци (Анталија, Хургада, Истанбул, Шарм-ел-Шеик, Барселона, Бургас, Римини, Агадир), како и до некои од руските градови (Махачкала, Омск, Уфа, Новосибирск, Екатеринбург, Краснојарск, Челјабинск). Според податоците на компанијата, во 2012 година со оваа компанија летале 817.000 патници, заземајќи го 17-то место во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.