Речиси половина Руси би сакале да ја сменат работата

Речиси половина од граѓаните на Русија би сакале да ја променат својата работа, покажа анкетата на Серускиот центар за истражување на општественото мислење.

Речиси половина од граѓаните на Русија би сакале да ја променат својата работа, покажа анкетата на Серускиот центар за истражување на општественото мислење, извршена на 20-21 април меѓу 1.600 граѓани. 49% од нив изјавиле дека би сакале да ја променат работата.

Главна причина и мотив за ова и понатаму е ниската плата. Освен тоа, меѓу другите причини Русите изјавиле дека не се задоволни од нивото на стрес на работното место, перспективите за раст, лошите услови за работа и т.н.

Бројот на Руси кои се задоволни од својата работа порасна до 74%, наспроти 68% во 2011 година. Од својата работа најмногу се задоволни високообразовните граѓани (80%), московјаните и жителите на Санкт Петербург (84%). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња