Путин со „Праведна Русија“ разговараат за воведување 13-та пензија

13-та пензија за пензионерите во Русија.

Претставниците на фракцијата „Праведна Русија“ на средбата со претседателот на Русија повторно ќе го покренат прашањето за исплата на 13-та пензија на сите кои се постари од 70 години. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС.

Сергеј Миронов, претставник од оваа фракција, изјави дека сака со Путин да разговара за два предлог-закона: за укинување на данокот на сопствениците на земја, како и за 13-та пензија за пензионерите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња