Бољшој театар започна со директни преноси на балетите во руските кина

Во недела на 12 мај беше одржан пренос на „Ромео и Јулија“ од Бољшој театар во кината во Москва и Санкт Петербург.

Во недела на 12 мај беше одржан пренос на „Ромео и Јулија“ од Бољшој театар во кината во Москва и Санкт Петербург.

На 11 јуни овој балет ќе можат да го видат жителите на Новосибирск, Рјазан, Мурманск, Сиктиквар, Краснодар и Воронеж. Жителите на Москва и Петербург плаќаат по 670 денари за билет, додека за жителите од другите градови билетот ќе чини 500 денари.

Преносот на балетите на екраните во другите земји од Бољшој театар се практикува веќе три години. Овие преноси имаат голем успех на Запад. „Руските преноси - се сериозен напредок“, изјави заменикот на генералниот директор на ГАБТ, Антон Гетман. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.