Во амбасадата на Русија во Кина се одржа презентација на книгата на патријархот Кирил

Во амбасадата на Русија во Кина вчера се одржа презентација на книгата на патријархот Кирил на кинески јазик. На презентацијата учествуваа претставници на традиционалните религии во Кина, а исто така и претставниците на Државната управа за религија при Државниот совет на Кина.

Во амбасадата на Русија во Кина вчера се одржа презентација на книгата на патријархот Кирил на кинески јазик. На презентацијата учествуваа претставници на традиционалните религии во Кина, а исто така и претставниците на Државната управа за религија при Државниот совет на Кина.

„Почитуван господине амбасадор, почитувани дами и господа, браќа и сестри! За мене претставува голема радост да ви ја претставам книгата ’Слобода и одговорност при барањето на хармонијата’, издадена на кинески јазик - еден од најстарите во светот“, рече патријархот.

Во последно време „темата за правата на човекот неретко се користи како некое политичко оружје“, забележа патријархот. „Некој го прогласува своето убедување и разбирање за правата на човекот за идеално и настојува сите останати луѓе во светот да ја разбираат слободата и правата исто како што тој го смета своето уверување за идеално“, подвлече Кирил.

Тој додаде дека „ниту еден цивилизациски модел не може да претендира на универзалност. Денес постојат многу такви модели и ниту еден од нив нема право да каже дека е правилен и универзален. Затоа е неопходен дијалог меѓу културите и религиите, вклучувајќи ги прашањата за слободата и правата на човекот“, рече патријархот.

„Книгата која ви ја претставувам е православен поглед на оваа тема. Секако, елементи од православното богословие овде се присутни, но имено толку колку што се доволни за да ја разберат оваа книга и муслиманите, и будистите, и атеистите. Јас би ја предложил оваа книга како мој влог во глобалната дискусија за темата на слободата и правата на човекот. Мене ми е мило што денеска можам да ви ја предложам оваа книга за читање“, додаде Кирил. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња