Русија ќе ги исполни договорите за испорака на оружје на Сирија

Британската страна во текот на средбата во Сочи со претседателот на Русија го покрена прашањето за испораката на С-300 на Сирија.

Британската страна во текот на средбата во Сочи со претседателот на Русија го покрена прашањето за испораката на С-300 на Сирија. Руската страна ја изложи својата веќе позната позиција на оваа тема, пренесе извор од руската делегација која учествуваше во преговорите.

„За темата околу испораките на оружје беше разговарано на средбата“, пренесе РИА Новости, цитирајќи го изворот. Тој подвлече дека „овде сѐ е јасно: ембарго за испорака нема и ние ги извршуваме претходно потпишаните договори, т.е. ќе ги доведеме до крај преземените обврски“.

Како што пренесе во четвртокот The Wall Street Journal, властите на Израел ги предупредиле САД за тоа дека Дамаск започнал со плаќање на неколку комплекси С-300 од Русија. Според информацијата од Израел, станува збор за шест комплекси со 144 ракети во вредност од 900 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња