Црноморската флота на Русија до истекот на руско-украинскиот договор во 2042 година не може да остане со истите стари бродови и вооружување. Ова го изјави вчера спикерот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко. Таа зеде учество во празнувањето на 230-годишнината од руската Црноморска флота во градот-херој Севастопол.
„Нормално е тоа дека Црноморската флота до 2042 година не може да остане со истите стари бродови и вооружување“, изјави Матвиенко.
Таа спомна дека претседателот на Русија за утврдил програмата за вооружување на Црноморската флота, со која се предвидува изградба на нови бродови и подморници, а исто така и на морска авијација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче