Александар Фјодотенков: Русија нема да замине од Севастопол и после 2042 година

„Црноморската флота на Русија ќе остане во Севастопол и после 2042 година“, изјави вице-адмиралот на Црноморската флота, Александар Фјодотенков.

„Црноморската флота на Русија ќе остане во Севастопол и после 2042 година“, изјави вице-адмиралот на Црноморската флота, Александар Фјодотенков.

„Севастопол е градот на руските морнари, и до 2042 година ние не планираме одовде да заминеме. Не само тоа, се надевам дека таа година не е некоја граница“, изјави Фјодотенков во интервју за весникот „Црвена ѕвезда“.

Според неговите зборови, од раководството на Русија е поставена задача за создавање на база за Црноморската флота на територијата на Руската Федерација. „За остварување на таа цел работи Федералната програма ’Создавање на база за ЦФ на територијата на Русија во 2004-2020’. Во нејзините рамки ќе се започне со изградба на инфраструктура, со која ќе се обезбеди техничко и сервисно опслужување на бродовите од различни класи...“, забележа тој.

Одговарајќи на прашањето како се развуваат односите меѓу руската и украинската флота во Севастопол, Фјодотенков забележа: „Посебно место во дејноста на силите на Црноморската флота зазема соработката со Воено-морските сили на Украина. Нашата соработка е определена не само од територијалната блискост и условите, но и со сличноста на задачите кои нашите флоти ги решаваат, како на море, така и на полигоните на бреговите за време на заедничките вежби“.

Според Договорот потпишан во Харков меѓу претседателите на Украина и Русија, Црноморската флота на Русија ќе остане на Крим до 2042 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња