Во водите на Баренцовото и Норвешкото море започнаа петдневните руско-норвешки воени вежби. Нивната главна задача е вежбање на заедничките акции на руската и норвешката војска во арктичкиот регион.
Во вежбите учествуваат големиот противподморнички брод „Вицеадмирал Кулаков“ и норвешката фрегата „Хелге Ингстад“. Планот на обуката предвидува патролирање и заедничка борба против пиратите, како и царинска контрола со помош на морската пешадија, а потоа и ослободување на цивилните бродови од вооружените екстремисти, пресретнување на брзи чамци или бродови кои ги нарушуваат морските граници, како и операции за трагање и спасување.
Овие вежби, меѓу другото, опфаќаат и артилериско пукање врз цели во вода и во воздух, одговор на закани од воздухот, откривање и напад на подморници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче