Шефовите на дипломатиите на Русија, Полска и Германија ќе се состанат во Санкт Петербург

Министрите за надворешни работи на Русија, Германија и Полска - Сергеј Лавров, Гидо Вестервеле и Радослав Сикорски се сложија следниот неофицијален состанок да го одржат во Санкт Петербург во 2014 година.

Министрите за надворешни работи на Русија, Германија и Полска - Сергеј Лавров, Гидо Вестервеле и Радослав Сикорски се сложија следниот неофицијален состанок да го одржат во Санкт Петербург во 2014 година, соопшти вчера Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Министрите постигнаа договор на состанокот одржан ден претходно во Варшава.

Сергеј Лавров нагласи дека „тројниот состанок Русија-Германија-Полска“ на ниво на министри за надворешни работи е многу користен за разгледување на заедничките методи во решавањето на различни проблеми, барањето нови идеи за подобрување на соработката меѓу земјите, како и јакнење на соработката на меѓународната сцена“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња