Путин и Камерон ги обиколија олимписките објекти во Сочи

Рускиот претседател, Владимир Путин и британскиот премиер, Дејвид Камерон после разговорот во резиденцијата „Бочаров ручеј“ со хеликоптер ги обиколија олимписките објекти во Сочи.

Рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Дејвид Камерон, после разговорот во резиденцијата „Бочаров ручеј“ со хеликоптер ги обиколија олимписките објекти во Сочи. После тоа тие го посетија главниот олимписки стадион „Фишт“, во чие проектирање учествуваа британски компании. Имено на тој стадион ќе се одржи церемонијата на свеченото отворање и затворањето на Зимските олимписки игри во 2014.

Русија и Велика Британија се договорија да соработуваат околу организирањето на овие олимписки игри уште за време на посетата на Владимир Путин во Лондон во август минатата година, кога британската престолнина беше домаќин на Олимпијадата. После разговорот во Сочи, Путин и Камерон се сложија нивните разузнавачки служби да соработуваат во обезбедувањето на Олимписките игри во 2014. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња