Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил се качи на Кинескиот ѕид недалеку од Пекинг. Покасно тој раскажа дека добил инспирација од тој споменик на историјата и ја повика Кина заедно со Русија да создадат подобра заедничка иднина.
Патријархот забележа дека качувајќи се на Кинескиот ѕид, човек не само што се судира со историјата и културата на државата, туку и со „самиот дух на Кина“, со духовните основи на нацијата, пренесува ИТАР-ТАСС. „Секој кој се обидува да се качи на овој ѕид може да сфати колку било тешко да се изгради истиот. И тоа, секако, предизвикува почит кон нашиот голем сосед“, рече патријархот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче