Филијалите на руските ВТБ и „Промсвјазбанк“ влегоа во списокот на странски кредитни организации кои со решение од министерството за финансии на Кипар се исклучени од мерките за ограничување на движењето на капителот.
Според указот, овие банки веќе имаа дозвола за извршување на било какви платежни операции и банкарски трансфери меѓу своите сметки, како во државата, така и во странство.
Мерките за ограничување на движењето на капиталот во Кипар беа воведени кон крајот на март после решението на Еврогрупата со цел да се спречи масовно одливање на капиталот од кипарските банки. На островот и понатаму останува ограничувањето за вадење 300 евра на ден од банкоматите, како и забрана за изнесување на повеќе од 3.000 евра од државата по човек.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче