Европската банка за реконструкција и развој ја намали прогнозата за растот на руската економија во 2013

Економистите од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРР) ја намалија прогнозата за растот на рускиот БДП.

Економистите од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРР) ја намалија прогнозата за растот на рускиот БДП во 2013 година од 3,5 на 1,8%. За ова сведочат податоците кои се објавени до извештајот на ЕБРР.

Насекаде по светот се намалени прогнозите за годинешниот економски раст. Наместо очекуваниот раст од 3,1% во целиот свет, годинава се очекува раст од 2,2%.

ЕБРР очекува во 2014 година руската економија да порасне за 3%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња