Рускиот концерн „Аурора“ ќе испорача опрема за новите бродови на воената морнарица на Индија кои се градат во бродоградилиштето на компанијата Mazagon Dock Limited во Мумбаи, соопшти генералниот директор на компанијата, Константин Шилов.
Се очекува наскоро да биде распишан тендер за испорака на интегрирани системи за управување со четири индиски разурнувачи од типот 15В. „Ние ќе учествуваме на тендерот и подготвени сме да победиме“, изјави Шилов.
Освен тоа, според неговите зборови „Аурора“ веќе извршува ремонт и модернизација на подморниците од типот 877.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче