Русија - Германија - Полска - стереотипи 60 години после војната

Русите ги сметаат Германците за почитувачи на законот, традиционалисти, кои на највисоко место го ставаат редот. Русите за Полјаците сметаат дека се претприемливи и религиозни. Себе си Русите се сметаат за трпелив народ.

Серускиот центар за изучување на јавното мислење ги претстави податоците за тоа што Русите мислат за државите-учеснички во Втората светска војна - Германија и Полска, и какви се во очите на Русите Германците, Полјаците и самите.

Германија кај Русите асоцира најмногу на Втората светска војна (19%), поретко со фашизмот (8%) и Хитлер (2%). Меѓу другите асоцијации спаѓаат Берлинскиот ѕид, Источна и Западна Германија (по 1%). 13% од анкетираните Германија ја асоцираат со развиена земја.

Од друга страна, Полска ретко асоцира кај Русите со Втората светска војна (2%). Кај најголем број анкетирани лица Полска асоцира со држава (6%), лошите односи со Русија (5%), како и продукти кои доаѓаат од таа земја (5%).

Русите ги сметаат Германците за народ за кој на највисоко место е редот (67%), поретко почитувањето на законот (30%) и приврзаноста со традициите (26%). Полјаците во очите на Русите се луѓе со силен карактер и претприемливост (26%), луѓе кои ги почитуваат семејните вредности (21%) и редот (20%).

Русите себеси се сметаат за трпелив народ (39%), со чувство за хумор (34%) и приврзаност со семејството (28%). Освен тоа, 24% изјавиле дека Русите се снаодлив народ.

Контрадикторно, поранешниот главен непријател на Русија денес се смета за поблизок пријател на Русија, отколку сојузникот Полска. На скала од 1 до 5, Германија доби 3,65 поени, додека Полска доби само 3,18 поени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња