Москва: поради закани од терористички напад евакуиран е трговски центар

Полицијата ја проверува зградата на трговскиот центар на југо-истокот од Москва, откако е пратена порака дека во него е поставена бомба, пренесува прес-службата на московската полиција.

Полицијата ја проверува зградата на трговскиот центар на југо-истокот од Москва, откако е пратена порака дека во него е поставена бомба, пренесува прес-службата на московската полиција.

„Пораката за поставен експлозив пристигнала од непознато лице во 17:23 часот по московско време“, пренесува изворот.

Полицијата се обидува да го идентификува лицето кое ја испратило пораката. Според податоците на министерството за вонредни состојби во Русија, од зградата биле евакуирани околу 200 луѓе, вработени и посетители. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња