Полска и Германија се за укинување на визите за Русија после исполнувањето на техничките услови. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјава на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Ова ја зацврстува надежта дека ќе се урнат бариерите и ќе се воведе безвизен режим со сите наши соседи, вклучувајќи ја и Русија“, изјави полскиот министер Радослав Сикорски.
Шефот на МНР на Германија, Гидо Вестервеле изјави дека и тој го поддржува истото мислење.
„Преговорите се во тек и ние треба да напредуваме по тоа прашање. Од своја страна веќе ние покажавме флексибилност. Нашата долгорочна цел е укинување на визниот режим“, констатираше шефот на германското МНР.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче