Екатеринбург: непознати напаѓачи се обиделе да соборат авион со ласер

Полицијата трага по напаѓачите кои во петокот насочиле ласерски зрак во кабината на пилотот на патничкиот авион „Боинг“.

Полицијата трага по напаѓачите кои во петокот насочиле ласерски зрак во кабината на пилотот на патничкиот авион „Боинг“. Авионот се подготвувал за слетување на аеродромот „Кољцово“ во Екатеринбург, пренесува службата на уралската управа на транспортната полиција.

Според информациите на раководителите на аеродромот, во кабината на пилотот бил насочен зрак со зелена боја.

Во авионот се наоѓале 69 патници и 7 членови на екипажот. Авионот успешно слетал на аеродромот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња