Шарапова се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мадрид

Уште една победа за руската тенисерка.

Руската тенисерка Марија Шарапова ја победи Сабина Лисицки, и со тоа се пласираше во четврт-финалето на турнирот во Мадрид. За влез во полуфиналето, на Шарапова ѝ претстои борба или со Даниела Хантухова од Словачка или со претставничката Каја Канепи од Естонија.

Освен Шарапова, на турнирот во Мадрид учествуваат уште две претставнички од Русија. Екатерина Макарова во 1/8 финалето ќе игра со Марион Бартоли од Франција, додека Марија Кириленко за влез во четврт-финалето ќе се натпреварува со првиот рекет во светот, Серена Вилијамс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња