NYT: возможната продажба на руски С-300 ги плаши САД

САД се исплашени од плановите на Русија да ѝ продадат оружје на сириската влада, пишува The New York Times.

САД се исплашени од плановите на Русија да ѝ продадат оружје на сириската влада, пишува The New York Times. Како што забележува весникот, ова го изјавуваат американски чиновници кои побарале да останат анонимни.

Русија одамна им продава оружје на Сиријците, но продажбата на С-300 би бил сериозен напредок за противвоздушната одбрана на Сирија, се кажува во статијата.

„Постојат стравови дека тоа може да се случи“, ги пренесува весникот зборовите на еден анонимен американски чиновник.

Како што пишува The Wall Street Journal, за продажбата на С-300 САД биле предупредени од Израел. Американската страна ја проценува информацијата, но не уточнува дали самата верува во можноста за остварување на ваква зделка.

Ако продажбата навистина е остварена, тоа ќе означува сериозна ескалација во борбата меѓу Москва и Вашингтон за Сирија, пренесува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња