Над Камчатка облак од пепел на 5 км височина

Ерупцијата на вулканот Шивелуч на северот на Камчатка исфрли облак од гас и пепел.

Ерупцијата на вулканот Шивелуч на северот на Камчатка исфрли облак од гас и пепел на висина од 4.600 метри, соопшти претставникот на Геофизичката служба при Руската академија на науки во Камчатка.

Авијацијата е веќе предупредена да не прелетува над таа област, бидејќи „честичките од пепел можат да навлезат во механизмите на авионите и хеликоптерите и да предизвикаат несреќа“, објасни геофизичарот.

Шивелуч е еден од најголемите вулкани во регионот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња