Кери ја замоли Русија да не ѝ продава на Сирија оружје

Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека испораките на руски ракети во Сирија може да стане дестабилизирачки фактор за Израел. Ова го пренесува associated Press.

Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека испораките на руски ракети во Сирија може да стане дестабилизирачки фактор за Израел. Ова го пренесува associated Press.

„Ние сме обеспокоени од тоа како ќе влијаат таквите одбранбени системи во Сирија врз безбедноста на Израел. Освен тоа, испораките можат да ја продлабочат граѓанската војна“, изјави Кери.

Тој подвлече дека САД би сакале Русија да не дава воена помош на режимот на Башар Асад.

Претходно во медиумите се појави информација дека Дамаск платил за испорака на шест лансирни системи и 144 ракети, чија испорака може да се очекува наскоро. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња