Демонстрацијата на руската воена моќ за време на Парадата на Победата во Москва – е повеќе од едноставно шоу, пишува Гласот на Америка. Како што смета ГА, манифестацијата детално е испланирана и има цел да ги потсети жителите на државата и целиот свет дека Русија останува голема воена држава. Заради тоа, како што забележуваат авторите, властите трошат милиони долари.
Меѓу другото, во јавноста ги демонстрираа ракетните комплекси С-300. Тоа потсети на слуховите дека Русија планира да продаде вакво оружје на владата на Сирија, се кажува во статијата.
The Washington Post пишува дека парадата во 2013 година станала најголемата демонстрација на сила и решителност.
Освен тоа, весникот пишува за суровите мерки на властите кон руската опозиција, после што забележува: „И покрај различните погледи за повеќето прашања, поддржувачите на Путин и опозиционерите со исто длабока почит се однесуваат кон ветераните на војната“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче