Во Јакутск вчера беше откриена биста на Јосиф Сталин. Ова го изјави првиот секретар на републичкиот комитет на КПРФ во Јакутија, Виктор Губарев.
Бистата ќе биде ставена на иницијатива на активистите на Советот на ветерани на Јакутија. Како што е соопштено, шефот на градската администрација нема ништо против ваквата иницијатива на учесниците во Втората светска војна.
Претходно е соопштено дека комунистите уште во јули 2007 година се обратиле до републичките власти со молба да им се додели парцела за споменик на Јосиф Сталин. Оваа одлука предизвикала големи дебати во јавноста и бистата тогаш не била поставена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче