Сѐ поголемото оживување на духовниот жибот во Русија може да биде надеж за христијаните во земјите во западна Европа во кои се воведуваат закони кои очигледно се во спротивност на божјите закони - истакна рускиот патријарх после службата во Новодевичкиот манастир на 7 мај во често на враќањето на познатата икона на Богородица Иверска.
„Нашиот духовен препород може да биде од голема помош и за другите народи, посебно на оние од северната хемисфера, за враќањето кон Господа“, нагласува патријархот Кирил. Тој со жалење забележува дека во многу западни земји „се прифаќаат закони кои го легализираат гревот кој Бог го осудил“.
„Можеби во тие места луѓето ќе го земат предвид духовниот препород во нашата земја и сериозно ќе размислат да се вратат на патот на обновата на духовниот христијански живот“, изјави поглаварот на Руската православна црква.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче