Официјално на руските чиновници им е забрането да имаат сметки во странство

Борбата против корупцијата во Русија продолжува.

Владимир Путин го потпиша законот со кој им се забранува на чиновниците да имаат сметки во странските банки. Лицата на кои им се забранува ова се чиновници кои имаат државни должности, лица кои ги назначува претседателот, владата или јавниот обвинител. Законот важи и за лицата кои работат во државните корпорации, фондовите и други организации, создадени врз основа на федералните закони.

Законот се однесува и на сопрузите и на малолетните деца на чиновниците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.